Францускиата министерка за спорт ја направи вистинската работа.
Додека во Австралија трае сагата за влезот на Новак Ѓоковиќ во земјата и учеството на Австралија опен, од Франција доаѓа порака дека тој без проблем ќе може да игра на Ролан Гарос.
Министерката за спорт Роксана Марасинеану изјави дека постојат протоколите за спортисти кои не се вакцинирани. Таа објасни дека протоколите на спортските федерации се додаваат во протоколите на државата. „Постојат здравствени протоколи наметнати од соодветните федерации за големи настани, кои се додаваат во протоколите на земјата и тоа е она што ќе му овозможи на некој како Новак Ѓоковиќ да влезе на територијата на Франција“, изјави министерот Марасинеану.
Деветкратниот шампион на Австралија опен престојува во хотел во кој се сместени бегалци и баратели на азил.









