Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот прв состанок на претседателскиот кабинет во новата година изјави дека светот го цени местото на коешто стои Турција и покрај епидемијата.
Ердоган напомена дека Турција е земја која економски најбрзо закрепна меѓу земјите од Г-20 во периодот на епидемијата и го рече следното: „Успеавме да ја издвоиме Турција позитивно од глобалната здравствена криза.“
Потсетувајќи дека и покрај зголемениот притисок на епидемијата врз економиите, Турција минатата (2021) година собори рекорд во извозот и обемот на надворешната трговија кој пред 20 години не изнесуваше ниту 88 милијарди долари сега ја достигна границата од 500 милијарди долари, претседателот Ердоган рече: „Ние станавме земјата којашто се опорави економски најбрзо меѓу земјите од Г-20 во периодот на епидемијата. Турција во 2021 година во економијата доживеа раст фокусиран на инвестиции, вработување, производство и тековен баланс. Веруваме дека ќе ги доловиме двоцифрените бројки на раст.“
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган појасни дека годишната стапка на инфлација во 2021 година изнесува 36,08 отсто и го додаде следното: „Ние сме одлучни да го скршиме вратот на инфлацијата во нашата земја којашто претходно ја намаливме до околу 6 отсто и во најскоро време повторно да ја намалиме на едноцифрени бројки.“
TRT








