РАМАЛА (А) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Израел мора да престане со едностраните практики, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на палестинската новинска агенција „Вафа“, Абас во претседателската резиденција во Рамала го примил американскиот помошник-државен секретар одговорен за прашањата од Блискиот Исток, Јаел Ламберт.

За време на средбата, Абас го информира Ламберт за најновите случувања на палестинските територии и едностраните практики на Израел кои го поткопуваат решението за две држави.

Нагласувајќи дека Израел мора да прекине со овие практики, Абас рекол дека договорите потпишани меѓу двете страни треба да се спроведат за да се иницира вистински политички процес во согласност со меѓународните одлуки.

Абас укажал на важноста од продолжување на работата за зајакнување на билатералните односи со САД и отстранување на пречките пред нив.

Во веста не се соопштени детали од средбата.

Се очекува Абас да се сретне и со американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, кој ќе ги посети Израел и Западниот Брег вечерва.


„Anadolu Agency“