МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ја покажале својата подготвеност за започнување дијалог со Русија за безбедносните гаранции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференција по состанокот со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, во рускиот град Сочи, Лавров рече дека неодамнешниот телефонски разговор меѓу помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, бил одговор на „организациската страна“ на прашањето.
„Овој телефонски повик ја покажа подготвеноста на САД да започнат дијалог на билатерална линија и за прашањата во врска со односите меѓу Русија и НАТО“, рече тој.
Лавров додаде дека постои разбирање за форматот во кој треба да се водат разговорите и кои тела да бидат вклучени.
„Во одредена фаза, овие прашања треба сериозно да се разгледаат во рамките на ОБСЕ [Организацијата за безбедност и соработка во Европа]“, пред сè, поаѓајќи од фактот дека таму сите евроатлантски земји на највисоко ниво го потпишаа принципот на еднаква и неделива безбедност, според кој, никој од нив, никој од нас – членките на ОБСЕ – не се обврза дека ќе ја зајакне својата безбедност на сметка на загрозување на безбедноста на другите.“
Што се однесува до можното проширување на НАТО по цена на Грузија, Лавров рече: „Нашиот став за проширувањето на НАТО е добро познат. Доколку НАТО продолжи да се движи кон нашите граници, тоа ќе биде нашата црвена линија.“
Осврнувајќи се на ситуацијата на Балканот, тој ја потврди поддршката на Русија за Дејтонскиот договор, кој ги вклучува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
„Убедени сме дека Босна и Херцеговина е воспоставена држава, дека темелите поставени со Дејтонскиот договор треба целосно да се почитуваат и секако, обидите однадвор да се водат процесите во оваа суверена земја ги сметаме за атавизам, што треба да бидат веднаш елиминирани.“
„Само народот на Босна и Херцеговина треба да ја одреди својата судбина во рамките на уставната шема за распределбата и одлучување на овластувањата“, додаде Лавров, истакнувајќи дека сите проблеми што се појавуваат на Балканот треба да се решат преку дијалог на регионално ниво.
Турковиќ од своја страна изрази загриженост за одлуките донесени од Народното собрание на Република Српска за трансфер на овластувањата на партнерските институции како што се вооружените сили, даночната администрација и институциите на правосудниот систем кои припаѓаат на ентитетските институции на државата Босна и Херцеговина.
„Босанскиот народ е во страв поради овие одлуки. Спроведувањето на овие одлуки може да ја дестабилизира Босна и Херцеговина и целиот регион и да го уништи напредокот што го постигнавме за 26 години. Нашиот став е дека сите проблеми треба да се решаваат заедно со Босна и Херцеговина, а не во еднострани формати“, рече таа.
„Anadolu Agency“










