Британските мејнстрим медиуми беа обвинети дека ја доведоа јавноста во заблуда поради нивните извештаи за минатомесечниот студентски протест, против екстремно десничарската израелска амбасадорка, Ципи Хотовели (Tzipi Hotovely).
Видеото на кое 42-годишната како го напушта настанот на кој зборуваше во Лондонската школа за економија (LSE), предизвика порој гнев против студентските демонстранти од десничарските медиуми, владините министри и опозициските политичари. Имаше и обвинувања за „антисемитизам“ и „напад врз слободата на говорот“.
„Многу ми е жал, амбасадоре Хотовели“, напиша на „Твитер“ („Twitter“) државниот секретар за образование, Надим Захави, кој го опиша нејзиното излегување од ЛСЕ како „длабоко вознемирувачко“. Забелешките на Захави и видеото од 40 секунди го имаа посакуваниот ефект. Во еден момент на Твитер почна да се појавува „#Кристална ноќ“, референца за бруталниот антиеврејски погром во нацистичка Германија.
Министерката за надворешни работи на Лабуристите во сенка, Лиза Нанди, предизвика хистерија. Ужасниот третман на израелската амбасадорка @ TzipiHotoveli е целосно неприфатлив“, рече таа.
„Нема оправдување за таквото однесување. Слободата на говор е основно право и никогаш не треба да се толерира секој обид да се замолчат или заплашат оние со кои не се согласуваме“, додаде таа.
Антипалестинскиот весник “Jevish Chronicle“, објави напис со сензационален наслов во кој демонстрантите се прогласија себеси за „мафија која ги лови Евреите“.
Сепак, раководството на ЛСЕ и Метрополитен полиција го потврдија она што многумина го зборуваа во тоа време: извештаите во печатот и изјавите на политичарите за студентскиот протест против Хотовели беа крајно неточни. Факт е дека Хотовели го одржа својот говор во ЛСЕ и не беше спречена во тоа.
Повеќе од 200 вработени напишаа писмо до ЛСЕ барајќи гаранција дека слободата на изразување и правото на протест се заштитени во кампусот. „Не видовме докази дека демонстрантите го прекршиле законот на минатонеделниот настан и не се размислува за дополнителни мерки“, реагираат од администрацијата на ЛСЕ. Метрополитенската полиција потврди дека сите си заминале дома безбедно без инциденти или апсење. Сите членови на нашата заедница ЛСЕ имаат законско право да протестираат“.
Во писмото од раководството на ЛСЕ се посочува дека слободата на говорот и слободата на изразување се „основата на сè“ што се прави на универзитетот. „Нашето училиште е место каде што персоналот, учениците и посетителите се силно охрабрени да дискутираат, предизвикуваат и влијаат на промените преку образовни практики, академски истражувања и ригорозна дебата. Ова мора секогаш да биде случај и тоа е нешто што ние, како Управен одбор на Школата ЛСЕ, сме длабоко посветени на олеснување и заштита, на сите нивоа“.
Еврејскиот работнички глас (JVL) им понуди поддршка на демонстрантите. „Нападите врз студентските политички активности се дел од пошироката кампања за замолчување на критиките на израелскиот режим на апартхејд“, соопшти организацијата.
„Ова, пак, е само дел од нападот на слободата на говорот, академската слобода и слободата на здружување за прашања за кои доминантните интереси попрво не би биле предмет на јавна расправа и интерес.“
Претходно овој месец, пропалестинските активисти ја повикаа добротворната комисија да започне итна истрага за активностите на про-ционистичката лоби група, откако лажно ги обвинија студентите на ЛСЕ за екстремизам, расизам и заплашување.
„Dubai-Portal“










