По денешното обраќање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, доларот загуби 33 отсто во однос на турската лира. Ердоган се обрати на прес-конференција во Анкара по состанокот на владата, велејќи дека „ниту еден турски државјанин нема да мора да ги префрли заштедите од турската лира во странска валута“, бидејќи „девизниот курс ќе биде повисок“.

Ердоган најави и нова финансиска алтернатива за турските граѓани за да се ублажи загриженоста за движењата на девизниот курс. Тој додаде дека „Турција нема ниту намера, ниту потреба да направи ни најмал чекор назад од слободната пазарна економија и девизниот режим“. Пред почетокот на обраќањето на Ердоган, доларот во однос на турската лира беше рекордни 18,3674, а по обраќањето падна за 22,3 отсто, односно 14,27, јавува АА.