Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Причината за големата самодоверба на Турција против глобалните кризи е нејзината силна инфраструктура“.
Претседателот Ердоган (вчера) одржа говор на церемонијата на доделувањето на Наградите за ширење на знаењето за 2021 година што се одржа во палатата Долмабахче од страна на Фондацијата за ширење на знаењето.
Во својот говор осврнувајќи се на економијата, претседателот Ердоган рече: Во последните 19 години тие се на власт во земјата, нацијата ја доведоа до животниот стандард што го заслужува со силната инфраструктура воспоставена на секое поле, од образованието до здравството, од безбедноста до правдата, од транспортот до енергијата, од урбанистичкото планирање до спортот.
Ако Турција е толку отпорна на глобалните кризи и има таква доверба во претворањето на кризите во можности, тогаш оваа силна инфраструктура се крие зад неа. Сега ние ја водиме истата борба во економијата“.
Употребувајќи го изразот „сите показатели укажуваат на глобален успех во однос на нашата земја, со нашите бројки за раст, производство, вработеност, извоз и буџетски салда“, Ердоган подвлече дека економската политика што ја спроведува владата оди во насока што тие ја одредиле“, потенцирајќи дека „турската економија ќе продолжи да функционира во согласност со правилата на слободната пазарна економија, како и досега“.
„Trt“







