БОЛУ (АА) – Езерото Абант и паркот на природата „Голџук“ во северозападна Турција станаа омилено место за уживање на жителите и посетителите во снежното време, јавува Агенција Анадолија (АА).

Можно е да е слика од 6 луѓе, природа, снег и дрво

Воодушевувачката зимска идила на шумата околу езерото под снег, ги плени локалните и странските туристи.

Можно е да е слика од 4 луѓе, природа, езеро и снег

Паркот е прочуен по своите природни убавини и е познат како „срцето на природата“ во црноморската област Болу, која се наоѓа помеѓу Анкара и Истанбул.

Областа Болу е расчуена кај љубителите на природата со своите езера, меѓународниот ски-центар и шумите кои покриваат 65 отсто од подрачјето.

Во моментов, длабочината на снегот е 20 сантиметри, додека температурите се очекува да паднат и до -15 Целзиусови степени во текот на неделата.


„Anadolu Agency“