Третиот ден од 3. Самит за партнерство меѓу Турција и Африка што се одржува во Истанбул започна со церемонија на официјален дочек и сликање на семејна фотографија.
Претседателот Реџеп Тајjип Ердоган рече дека Турција никогаш не ѝ го свртела грбот на Африка и нејзините народи.
Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на отворањето на самитот потсети дека турскиот народ има воспоставено човечки врски со африканските народи кои се протегаат до 9-от век и истакна дека Турција никогаш не ѝ го свртела грбот на Африка и нејзините народи.
Велејќи дека Турција силно ги поддржува движењата за слобода на континентот на чело со северноафриканските земји, Ердоган рече дека бројот на амбасади на континентот од 12 во 2005 година се зголеми на 42, а бројот на амбасади на африканските земји во Анкара од 10 се зголеми на 37.
Појаснувајќи дека како резултат на заедничките напори односите меѓу Турција и Африка се доведени на ниво коешто не можеше ниту да се замисли пред 16 години, претседателот Ердоган рече: „Нашиот трговски обем со континентот кој изнесуваше 5,4 милијарди долари, во 2020 година надмина 25,3 милијарди долари. Ние внимателно го следиме Договорот за африканска континентална слободна трговска зона кој стапи на сила на 1 јануари 2021 година. Верувам дека нашата билатерална трговија со нашите заеднички залагања најпрвин ќе ја зголемиме на 50 милијарди долари, а потоа на 75 милијарди долари.“
Претседателот Ердоган напомена дека Турција со институциите како што се ТИКА (Турска агенција за соработка и координација), Институтот Јунус Емре, Фондацијата Маариф, новинската Агенција Анадолија „АА“, Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) и турската Црвена полумесечина „Килизлај“ го прошири уште повеќе своето присуство низ целиот континент.
Тој рече: „Ние се стремиме за заедничко профитирање, заедничко развивање, заеднички раст и заедничко чекорење рака за рака кон иднината.“
Подвлекувајќи дека се свесни за присутната глобална неправда во пристапот до вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и страдањата во Африка, Ердоган рече: „Во согласност со нашите можности планираме во наредниот период да споделиме 15 милиони дози вакцини. Откако ќе заврши процесот (со домашната вакцина против Ковид-19 Турковак) нашата вакцина заедно со нашиот народ и нашите африкански браќа, ќе ја ставиме во услуга на целото човештво.“
„Борбата што ја водиме под знамето на ‘Светот е поголем од пет’ не ја водиме само за нас самите, туку и за нашите африкански браќа/сестри“ – рече претседателот Ердоган истакна дека треба да се обединат силите за да би можела Африка да биде претставена во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) онака како што заслужува.
Тој реле: „Иншаллах (со Аллахова помош/дозвола, се надевам) дека со работите коишто ќе ги оствариме и со донесените одлуки денеска ќе удриме белег на иднината на односите меѓу Турција и Африка.“
„Trt“









