Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган остварува средби со шефовите на држави и претседателите на влади на африканските земји кои престојуваат на 3. Самит за партнерство меѓу Турција и Африка што се одржува во Истанбул.
Во тие рамки, претседателот Ердоган се состана одделно со претседателот на Руанда Пол Кагаме, претседателот на Џибути Исмаил Омер Гелех и со претседателот на Унијата на Коморските острови Асумани Азали, кои по повод самитот престојуваат во Истанбул.
Претседателот Ердоган имаше одделни средби и со претседателот на Мавританија Мохамед Улд Шејх Газуани, претседателот на Централноафриканската Република Фостен-Арканж Туадера, претседателот на Нигерија Мухамед Бухари, претседателот на Сомалија Мухамед Абдулахи Фармаџо, претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи и премиерот на Етиопија Абиј Ахмед.
Средбите во претседателската канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул беа затворени за медиумите.
„Trt“









