САД (USA) се подготвени да разговараат за сите прашања во рамките на НАТО (NATO) или ОБСЕ (OSCE) со Русија (Russia). Меѓутоа, ако Москва (Moscow) продолжи со агресијата, ќе има сериозни последици, изјави заменик-државниот секретар за политички прашања, Викторија Нуланд (Victoria Nuland), пишува „FOX“

„Отворени сме за консултации во НАТО (NATO), ОБСЕ (OSCE) или стратешки дијалог меѓу САД (USA) и Русија (Russia) за контрола на вооружувањето. Сепак, мора да биде јасно дека ако Москва не избере да ги намали тензиите и да продолжи со понатамошна агресија, тогаш ќе има сериозни последици. Работиме на гаранции дека ќе бидеме обединети и подготвени во случај да дојде тој тажен ден“, рече Нуланд (Nuland)

Според неа, „влогот е голем“ и може да се доведе во прашање „суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“, правото на НАТО (NATO) да донесува одлуки и општата безбедност во Европа (Europe). Таа ја обвини Русија дека ги блокира напорите за решавање на ситуацијата во Украина (Ukraine) во рамките на нормандискиот формат. Таа напомена и дека доколку напорите на САД (USA) се корисни паралелно со овој формат, тогаш Вашингтон со задоволство би ги поддржал.

Нуланд изјави дека руското раководство сè уште не донело одлука за инвазија на Украина и додаде дека Москва (Mscow веќе ги подготвила сите средства во случај на такво сценарио, вклучително и армијата, средствата за внатрешна дестабилизација на Украина и дезинформации за ситуација.

Американскиот заменик државен секретар, потсети дека американскиот претседател Џозеф Бајден (Jospeh Biden), во разговор со рускиот претседател, Владимир Путин (Vladimir Putin), рекол дека постои можност против Русија (Russia) да се користат економски и политички инструменти, кои досега не биле користени. Нуланд (Nuland) нагласи дека САД (USA) работат на мерки чие влијание ќе биде „брзо и далекусежно“.

„Да и дадеме шанса на дипломатијата. Ако има причини за загриженост кои можеме да ги исправиме, ќе го направиме тоа, но не на сметка на суверенитетот на Украина (Ukraine) или на која било европска земја“, заклучи Нуланд (Nuland).

Претходно, „Блумберг“ („Bloomberg“) објави дека Вашингтон (Washington) планира следната недела да одговори на рускиот предлог за безбедносни гаранции, од кои дел смета дека е корисен, а другиот дел неприфатлив.

Во средината на ноември, рускиот претседател, Владимир Путин (Vladimir Putin), му нареди на министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров (Sergei Lavrov), да побара од САД (USA) и НАТО (NATO) да и дадат на Русија (Russia) сериозни и долгорочни безбедносни гаранции. Тој неколку пати зборуваше за усните уверувања на Москва (Moscow), дека НАТО (NATO) нема да се прошири и дека ветувањата се прекршени.

Да потсетиме, претседателот на Русија (Russia), на 1 декември предложи да се започнат преговори за постигнување правни гаранции за непроширување на НАТО (NATO), на исток.


„Dubai-Portal“