Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека продолжува военото натрупување на Русија во близина на границата со Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг се обрати на заедничката прес-конференција по неговата средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Не гледаме ниту еден знак дека е запрено или оспорено военото натрупување на Русија [во близина на украинската граница]. Напротив, тоа продолжува“, рече Столтенберг.
Според него, не постои ниту една праведна причина за ова натрупување и тоа претставува закана за безбедноста на Европа.
Столтенберг ова натрупување го опиша како провокативно и дестабилизирачко.
„Ја повикуваме Русија да се врати на дипломатијата, да ги намали тензиите и да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, додаде Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО нагласи дека зголемената агресија кон Русија ќе има сериозни последици и висока цена.
„Anadolu Agency“










