КУДС (АА) – Израелските власти срушија три куќи на Палестинци во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), со образложение дека немале дозвола за градба, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на невладината организација Информативен центар „Вади Хилва“ во Палестина, тешката машинерија од израелската општина Кудс срушила три куќи на Палестинците во подрачјата на Силван, Тур и Џебел ал Мукебир.

Се истакнува дека ова рушење било извршено под надзор на израелските сили.

Меџди Хилиси, чија куќа беше срушена во Силван, истакна дека иако аплицирале повеќепати, израелските власти одбиле да им дадат дозвола за градба.

Се истакнува дека во срушените куќи живееле десетици Палестинци, меѓу кои и деца.

Според организациите за човекови права, Палестинците се соочуваат со големи проблеми што се однесува до добивање дозвола за градба во Кудс, а вкупните трошоци за целата процедура достигнуваат десетици илјади долари.

Податоците на Палестинскиот официјален информативен центар покажуваат дека од израелската окупација во 1967 година досега, бројот на срушени куќи од страна на Израел во Кудс надмина 1.900.


„Anadolu Agency“