ЕРЕВАН (АА) – Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, истакна дека постигнале договор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за обновување на железничките линии меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пашинјан по средбата со Алиев и претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, во Брисел даде изјава на својот профил на Фејсбук.

Наведувајќи дека се договориле за продолжување на контактите со Алиев, Пашинјан рече: „Со претседателот на Азербејџан го потврдивме договорот за обновување на железничкиот транспорт. Железницата ќе работи под суверенитет и јурисдикција на земјите, врз основа на реципроцитет, во согласност со меѓународно прифатените гранични и царински прописи. Со железницата ќе може да се стигне до Иран и Русија.“

По трипартитната средба, вчера Шарл Мишел во писмена изјава истакна: „Постигнат е договор за обновување на железничките линии врз основа на принципот на реципроцитет и обезбедување на соодветни измени за граничните и царинските контроли.“

Anadolu Agency