Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ петта година по ред е изгласан за „Најдобра авиокомпанија за бизнис-класа“ од страна на читателите на водечкиот американски магазин за патувања „Глобал травелeр“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според денешниот извештај од авиокомпанијата, „Туркиш ерлајнс“ е освојувач и на шестата титула „Најдобар персонал на аеродромот / Агенти на аеродроми“ во 18. издание на анкетата од читателите на „Глобал травелер“.
Во меѓувреме, корпоративниот клуб на „Туркиш ерлајнс“ е избран за „Најдобра корпоративна програма за бизнис-патници“, четврта година по ред.
„Почестени сме со тоа што во анкетата сме препознаени од читателите на „Глобал травелер“ и со тоа што сме вклучени помеѓу светските водечки провајдери за патувања“, рече извршниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Илкер Ајџи.
„Сингапур ерлајнс“ го освои највисокото признание за „Најдобра севкупна авиокомпанија во светот“, враќајќи ја нејзината титула по едногодишна пауза.
Основана во 1933 година, „Туркиш ерлајнс“ има флота од 373 (патнички и товарни) авиони кои летаат до 333 дестинации, вклучително 281 меѓународен и 52 домашни.
Со централна локација помеѓу европскиот, азискиот и африканскиот континент, „Туркиш ерлајнс“ преку новиот аеродром во Истанбул обезбедува поврзување со 15 северноамерикански аеродроми.
„Anadolu Agency“










