РИЈАД (АА) – Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) ја стави арапската калиграфија на Листата на светско нематеријално културно наследство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавата за вклучување на арапската калиграфија, знаење, вештина и практика во Листата на УНЕСКО е направена со учество на 16 арапски земји под водство на Саудиска Арабија и под надзор на Организацијата на Арапската лига за образовна култура и наука (ALECSO).
Министерот за култура на Саудиска Арабија, Бадр бин Абдула бин Ферхан, изјави дека вклучувањето на арапската калиграфија на Листата на УНЕСКО е реализирано во согласност со насоките издадени од Министерството во рамки на промоција и развој на таа уметност, јавува Саудиската новинска агенција (SPA).
Оманската новинска агенција (ONA) јавува дека одлуката за сместување на калиграфијата на престижната листа била донесена на состанокот на Меѓувладиниот комитет за заштита на нематеријалното културно наследство, кој во моментов се одржува во Париз и ќе трае до 18 декември.
АЛЕКСО поднесе барање за вклучување на калиграфијата на Листата на УНЕСКО на 30 март 2020 година, а покрај Саудиска Арабија, апликацијата ги вклучува и Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Тунис, Алжир, Ирак, Судан, Оман, Палестина, Либан, Кувајт, Египет, Мароко, Мавританија и Јемен.
Anadolu Agency









