Рускиот претседател, Владимир Путин (Vladimir Putin) за време на денешниот телефонски разговор, со францускиот колега, Емануел Макрон (Emmanuele Macron), му рекол дека Москва сака итни разговори со западните земји, со цел да се запре натамошното проширување на НАТО кон исток, соопшти Кремљ. пренесува „Tanjug“

Се наведува дека овие преговори се потребни за да се запре ширењето на НАТО (NATO) кон исток, а со тоа и распоредувањето на ново оружје во земјите околу Русија (Russia), вклучително и Украинa (Ukraine).

„Рускиот претседател ја истакна важноста од итните меѓународни преговори, со цел да се добијат гаранции кои ќе го спречат понатамошното ширење на НАТО на исток и распоредувањето на оружје во соседните земји, пред се во Украина, што е закана за Русија“, соопшти Кремљ (Kremlin).

„Рускиот лидер ги повика своите француски партнери да ги разберат сите грижи на Москва и да ги почитуваат тие аргументи во понатамошните преговори“, соопшти Кремљ (Kremlin).

Се наведува и дека Путин (Putin) и Макрон (Macron) разговарале за ситуацијата во Украина (Ukraine), а за време на разговорот рускиот претседател навел неколку примери како Киев (Kyiv) ги прекршил мировните договори од Минск (Minsk).

„Украинските власти намерно создаваат тензија на контактната линија со Донбас, со благослов на западните земји. Покрај тоа, тие ја снабдуваат Украина со модерно оружје, што е директна закана за безбедноста на Руската Федерација“, му рекол Путин (Putin) на Макрон (Macron).

Во текот на разговорот стана збор и за ситуацијата на полско-белоруската граница, а пред се за кршењето на меѓународните обврски во однос на мигрантите од страна на Варшава (Warsaw), како и за ситуацијата во Нагорно Карабах (Nagorno Karabakh).