Најмалку едно лице загина, а две се повредени во експлозија во регионот Танк Тил Логар во Кабул, главниот град на Авганистан, соопштија официјални претставници денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во регионот во утринските часови експлодираше мина покрај патот“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на талибанската управа.

Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.

Терористичката организација ДЕАШ ги зајакна нападите откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата на 15 август. Во Нангархар, познат како едно од упориштата на ДЕАШ, терористите извршија повеќе вооружени и бомбашки напади врз талибанците.

Повеќе од 250 лица загинаа во четири големи напади, од кои два беа во Кабул и по еден во Кундуз и Кандахар.

Anadolu Agency