Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич истакна дека Турција секогаш се наоѓала во првите редови во напорите за одржување на мирот и зголемување на просперитетот на Балканот и особено во Босна и Херцеговина.

Турција покажа реакција на донесените одлуки на 10 декември на вонредниот состанок на Народното Собрание на ентитетот Република Српска, еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич во писмениот одговор на едно поставено прашање во врска со наведените одлуки истакна дека Турција секогаш се наоѓала во првите редови во напорите за одржување на мирот и зголемување на просперитетот на Балканот и особено во Босна и Херцеговина, и дека исто како сите пријатели на Босна и Херцеговина и Турција е загрижена во врска со донесените одлуки во Народното Собрание на Република Српска.

Велејќи дека донесените одлуки во Собранието на овој ентитет се штетни за уставната и правната рамка, а со тоа и за мирната и просперитетна иднина којашто толку многу ја заслужуваат граѓаните на Босна и Херцеговина, Билгич рече: „Оваа ситуација истовремено претставува и предизвик за мирот и стабилноста на Балканот и на цела Европа. Ќе продолжиме да се трудиме заедно со меѓународната заедница Босна и Херцеговина што е можно поскоро да се врати на својата реална агенда, а тоа е патот на економскиот развој. Со овој начин на сфаќање, ги повикуваме оние кои ќе сносат одговорноста да им наштетат на мирот и просперитетот наместо да преземаат еднострани дејствија да се придржуваат кон уставната и законската рамка и да се залагаат за дијалог. Турција е решена силно да го поддржи суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.

Инаку, на повик на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик на  одржаната посебна седница на Народното Собрание на Република Српска  на 10 декември беше разгледан нацрт законот за пренесување на надлежностите во областа на индиректното оданочување, за правосудните институции на БиХ и за пренесување на надлежностите од РС на ниво на БиХ во областа на одбраната и безбедноста. На крајот на седницата беа усвоени заклучоците со врска со овие точки кои што стапуваат на сила наредниот ден по нивното донесување.

Станува збор за донесени одлуки коишто се однесуваат на враќање на надлежностите коишто претходно од ентитетско ниво се пренесени на ниво на државата Босна и Херцеговина.

На седницата Милорад Додик рече дека доколку не можат да се надминат тешките ситуации во кои се наоѓаат, неизбежно е да се распадне Босна и Херцеговина и Република Српска да се оддели од земјата.

Trt