Леман Бозкурт Алтинчекич е родена во 1933 година и располага со титулата прва жена џет-борбен пилот на Турција и на НАТО.

NATO'nun İlk Kadın Jet Pilotu Leman Bozkurt Altınçekiç'in İlham Verici Mücadelesi

Алтинчекич која уште од мали години сонувала да лета откако завршила гимназија за исполнување на своите соништа фрлила еден голем чекор и во Постројките Инени Турккушу добила обука за летање со едрилица.

Во 1954 година благодарение на одлуката со којашто се даваше можност во Турските вооружени сили (ТВС) да се запишуваат и жени се пријавила за Воената воздушна школа во Измир и во октомври 1955 година почнала да учи таму. Својата обука со авиони со пропелер ја завршила во 1957 година. Во тие години, најголемиот воен сојуз на светот НАТО имаше само 5 години.

MSB, NATOnun ilk kadın jet pilotu Leman Bozkurt Altınçekiçi andı

Леман Бозкурт Алтинчекич со желба да лета уште повисоко во небото доби обука за џет-борбен пилот. Со добиената значка т.е. сертификат за џет-борбен пилот Алтинчекич леташе во небото во текот на 9 години.

Леман Бозкурт Алтинчекич беше првата жена џет-борбен пилот не само на Турција, туку и на силите на НАТО, која леташе во текот на долги години.

Trt