Вооружени напаѓачи убиле 16 верници во една џамија во село, во северна Нигерија и киднапирале неколку луѓе, изјави локален официјален претставник.
Нападот врз селото во државата Нигер вчера траел со часови, пренесува АП.
Десетици напаѓачи пристигнале со мотоцикли и дивееле низ селото, убивајќи луѓе кои се молеле во џамијата. Не е познато колку луѓе се киднапирани.
Полицијата потврди дека имало напад и дека се убиени девет лица, наведува АП и додава дека полицијата претходно била обвинета за намерно криење на бројот на жртвите во таквите напади.
Нападот е последен во ескалацијата на насилството во северозападна Нигерија, каде вооружени групи напаѓаат оддалечени населби, убивајќи и киднапирајќи жители за откуп.
Sloboden pecat









