Откако организаторите на Австралија опен објавија дека Новак Ѓоковиќ е пријавен за првиот Грен слем сезонава, директорот на турнирот Крег Тајли изјави дека тоа што некој е пријавен не значи дека ќе игра.

Да потсетиме, светскиот тениер број еден е пријавен за својот омилен Грен слем, каде има рекордни девет титули и каде со освојувањето на јубилејната десетта би можел да испише историја и да стигне до 21. трофеј ГС, со што би им побегнал на Роџер Федерер и Рафаел Надал, но тоа се уште е поставено прашањето дали ќе игра во Мелбурн, бидејќи не е потврдено дека е вакциниран.

Исто така, претходните денови кружеа информации за „медицинското ослободување“ како можна опција Новак да игра без претходна имунизација. Сепак, еве како сето тоа го протолкувал Крег Тајли.

„Она што е објавено е генералниот список на учесници, а според природата на работите секој влегува во списокот. Ова не е обврзувачка листа и не значи дека некој ќе биде во главниот ждреб кој е за неколку недели. Ќе бидам многу јасен, никој не може да игра на Австралија опен додека не се вакцинира. Двојна доза од вакцината или една од компанијата „Џонсон и Џонсон“, која исто така е одобрена. Единствената опција, освен да бидете вакцинирани, е да се натпреварувате ако сте добиле оправдување за медицинско ослободување од австралиските власти. Читам извештаи во некои медиуми. Досега нема одобрени медицински исклучоци“, рече директорот на Австралија опен, Тајли, кој тогаш се осврна на терминот „медицинско ослободување“.

„Постои независен панел од медицински експерти кои разгледуваат примерок од барањето за изземање. Потоа оди на стручна комисија и тие ја носат конечната одлука. Јасно е дека меѓународните тенисери ги имаат истите услови како и сите што доаѓаат во Викторија и Австралија. Не постои можност за никаков ппопуст во таа смисла, освен одобрениот медицински исклучок“, објасни Крег Тајли.

Така продолжува драмата и мистеријата за тоа дали првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе го заземе неговото место на Австралија опен, каде би можел да ја испише историјата на „белиот спорт“.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“