Сирија го обвини Израел дека денеска во раните утрински часови извршил воздушен напад врз клучното пристаниште Латакиа (Latakia), чија цел биле контејнери за бродови и предизвикувајќи пожар во складиштето. Нема пријавени жртви.

Сириски воен извор за „САНА“, изјави дека израелски воени авиони истрелале неколку проектили од правец на Средоземното Море (Mediterranean) кон трговско пристаниште околу 1.23 часот наутро. „Пожарникарските екипи успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во пристаништето по израелскиот напад“, објасни гувернерот на Латакиа (Latakia), Исмаил Хилал (Ismail Hilal).

Додека Израел често ги гаѓаше, она што го опишува како ирански интереси во Сирија, вклучувајќи ги и позициите каде се распоредени борците на либанскиот Хезболах (Hezbollah), „Тајмс оф Израел“ ( „Times of Israel“), го смета нападот врз Латакија „многу нерегуларен“. Весникот шпекулира дека целите биле избрани за да ги прекинат линиите за снабдување на Иран (Iran), за силите на Хезболах.

Латакија е главното трговско пристаниште во Сирија, преку кое во земјата пристигнуваат храна и други важни залихи. Израел не беше подготвен да го нападне тоа подрачје бидејќи е блиску до руската воздухопловна база, „Хмеимим“ („Hmeimim“). Последен пат Израел го нападна во 2018 година, кога сириските системи за противвоздушна одбрана случајно соборија руски воен авион. Како резултат на тоа, Москва го обвини Израел за „неодговорни дејствија“ за инцидентот, во кој загинаа сите 15 лица во рускиот авион.


„MEMO“
„Dubai-Portal“