Во бомбашки напад, денеск се убиени четири лица во јужниот ирачки град Басра (Basra), што е прв таков напад во последниве години во дел од земјата што ужива релативна стабилност, а висок функционер изјави дека милитантите на ДАЕШ (DAESH) се осомничени дека го извршиле, известува „Ројтерс“ („Reuters“).

Експлозијата во близина на главната болница во градот со претежно шиитски муслимани, била предизвикана од мотоцикл со експлозив, се вели во соопштението на армијата, повикувајќи се на прелиминарните информации.

„Отпечатоци од прсти на припадник на ДАЕШ (DAESH), се во експлозијата“, изјави гувернерот на Басра, Асад Ал-Едани (Asaad Al-Edani), за новинарите.

Бомбашките напади во областа Басра беа ретки – последниот голем беше во 2017 година, а одговорноста ја презеде ДАЕШ. Властите цврсто ја задржаа областа каде што се произведува и извезува најголемиот дел од нафтата на ОПЕК.


„MEMO“
„Dubai-Portal“