После големиот протест против законот за експропријација, Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е најдено решение за измената на Законот за експропријација, кое утре ќе и биде претставено на јавноста доколку во текот на денот се добијат потврди од повеќе надлежни институции дека се е во согласност со Устав.
„Утре ќе ве информирам и ќе зборувам конкретно на таа тема. Го подготвуваме целиот пакет и ги анализираме сите барања и најдовме решение за Законот за експропријација, кое нема да ви го кажам денеска. Подготвувам дополнителни проверки, еднаш повторно за да не се направи ништо неуставно“, рече тој.
„Со тоа ќе излеземе утре, доколку денеска добиеме потврда од повеќе надлежни институции кои се суштински надлежни, како и правни експерти, а потоа со тоа ќе излеземе во јавноста“, додаде претседателот.
Вучиќ рече дека му е јасно дека во наредните десет, па ни еден месец не може да се постигне договор за тоа како треба да изгледа законот.
„Нека се согласат сите оние кои мислат како треба да изгледа во иднина. Наша работа е да видиме дека законот е исклучен од правниот промет и бараме начин да го направиме тоа во согласност со Уставот на Србија“, изјави Вучиќ
На прашањето дали разговараат за промена на делот од законот кој се однесува на плаќањето и дали пазарната вредност ќе се плаќа само на оние чиј имот е регистриран, Вучиќ рече дека такви решенија не се бараат бидејќи, како што вели, невозможно е да се постигне договор.
„Како да исплатеме за дивоградби? Ние не бараме такви решенија, бидејќи за тоа е невозможно да се договориме. Кога ќе дојдат времиња кога невозможните решенија ќе станат нормални, тогаш подобро е да не се зборува за тоа“, рече Вучиќ и повтори дека најдоцна до четврток наутро ќе излезе со решение.









