Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Сараево изјави дека нема да има војна во Босна и Херцеговина, ниту армија на Република Српска.
„Тоа нема да се случи. Тоа еднаш го кажав и ќе повторам: Нема да има војна во БиХ. Ова не е 1991 година”, изјави Ескобар во интервју за сараевската телевизија Н1, кое подетално ќе се емитува вечерва.
На забелешката дека не се работи за војна, туку за армија на Република Српска, Ескобар рече дека ниту таа постои и никој не е заинтересиран за таква ескалација.
Тој додаде дека „треба да се обезбеди функционирање на државата, со сите разлики меѓу сите нивоа на власт”.
MIA








