ДОХА (АА) – Потпишани се вкупно 15 договори меѓу Турција и Катар, од кои 12 се потпишани во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и Ал Тани одржаа тет-а-тет средба во Доха, по која следуваше церемонијата за потпишување договори во различни области.
Договорите се потпишани од страна на различни високи функционери на двете земји.
Дел од потпишаните договори се во областа на управување со природни катастрофи и итни состојби, цивилна одбрана, соработка меѓу различни форуми на двете земји, банки за развој, стандардизација, култура, спорт, здравство, медицински науки, вакуфи и исламски верски прашања, инвестиции и медиуми.
Исто така, во овие рамки договор за соработка ќе биде потпишан и меѓу Агенција Анадолија (АА) и Новинската агенција на Катар, што ќе биде потпишан од страна на претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Сердар Караѓоз, и претседателот на Новинската агенција на Катар, Ахмад Саед ал Ромаихи.
Anadolu Agency










