Поради страв од омикрон варијантата на Ковид, Обединетото Кралство во вторник од 4 часот наутро ќе воведе нови мерки за патниците кои влегуваат во земјата, најави министерот за здравство Саџид Џавид, јави Би-би-си. Секој патник сега ќе мора да има негативен тест пред да замине од друга земја за да влезе во Обединетото Кралство. Тој, исто така, ќе мора да направи ПЦР тест пред крајот на вториот ден во Обединетото Кралство и ќе мора да се изолира барем додека не му се врати негативниот резултат.

Карантин за некои патници

Овие измени ги побара Лабуристичката партија. Поради стравот од омикрон варијантата, десет јужноафрикански земји се на црвената листа за патување. Тоа се Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото, Есватини, Ангола, Мозамбик и Замбија. Нигерија исто така ќе биде додадена на листата од 16 часот во понеделник. Единствените лица на кои им е дозволен влез во Обединетото Кралство од овие земји се државјани на Обединетото Кралство или Ирска.

Сепак, по влегувањето во ОК, тие ќе мора да се изолираат во однапред резервиран хотел одобрен од владата на 10 дена. Сместувањето ќе си го наплати сам. Цените се многу високи: десет дена еден возрасен плаќа 2285 фунти, друг возрасен или дете над 11 години ќе плати 1430 евра, а деца на возраст од пет до 11 години – 325 евра.

Кои други правила постојат за патување во ОК?

Сите патници кои пристигнуваат во ОК мора да пополнат формулар за лоцирање на патници – дури и ако само поминуваат низ него. Правилата кои сега се во сила До 4 часот наутро во вторник, целосно вакцинираните патници кои патуваат во Обединетото Кралство не мора да се тестираат на Ковид пред поаѓањето. Ова се однесува на луѓе вакцинирани во ОК, ЕУ, САД и десетици други земји – вклучувајќи ги Бразил, Хонг Конг, Индија, Пакистан и Турција. Мора да докажете дека сте целосно вакцинирани. Истите правила важат за лицата под 18 години кои живеат во една од овие земји, без разлика дали биле вакцинирани или не. По 04:00 часот во вторник, сите патници ќе треба да го направат тестот пред поаѓање без разлика на статусот на вакцинација.

Кои се правилата во САД?

Не постои услов за карантин за целосно вакцинирани лица, но тие мора да покажат доказ за негативен тест направен не повеќе од 24 часа пред патувањето. Се препорачува уште еден тест, три до пет дена по пристигнувањето во САД. Маските се задолжителни на авионите и аеродромите, а патниците мора да ги почитуваат државните и локалните прописи на нивната дестинација.

Што се случува во Европа?

Некои европски земји ги заоструваат правилата. Во Франција од 15 декември луѓето над 65 години ќе треба да докажат дека се вакцинирани со третата доза доколку сакаат да патуваат или да посетуваат ресторани и музеи. Правилата може брзо да се променат, не само за Европа, туку и за сите земји.