Во областа Нусајбин, во турскиот град Мардин, денеска успешно е деактивиран експлозивот поставен под возилото на турски полицаец. Подоцна било утврдено дека полицаецот требало да го обезбедува собирот во Сиирт, на кој денеска се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Рачно изработена експлозивна направа била поставена под паркиран автомобил на полицаец во Интервентната полиција во Нусајбин, Мардин.

По откривањето на експлозивот, на лице место биле испратени експерти за деактивирање бомби. Екипите контролирано го уништиле експлозивот. Екипите за увид на местото на злосторството ги скенирале уредот и возилото и земале отпечатоци од прсти за да ги бараат осомничените. Активно се трага по лицата кои го поставиле експлозивот. Се дознава дека полицаецот, под чиј автомобил бил поставен експлозивот, бил дел од тимот што требало да биде испратен како засилување за обезбедување на програмата на претседателот Ердоган, која се одржа денеска во Сиирт, на југоистокот на Турција.

Утврдено е дека полицискиот службеник го напуштил местото на живеење, отишол да го земе својот колега кој исто така бил дежурен надвор од градот, а токму неговиот колега забележал дека под возилото има сомнителен предмет, пишува АА.