Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска, 2 декември 2021 година, слават пет децении од своето основање. По тој повод, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи и потпретседател на ОАЕ, изјави дека најдоброто допрва доаѓа.
Во писмото до нацијата по повод златниот јубилеј на државата, шеикот Мухамед рече дека се оствариле соништата на Емиратите од пред пет децении. И покрај предизвиците, секој треба да верува во подобро утре, напиша владетелот на Дубаи.
:quality(70):focal(1857x1356:1867x1366)/cloudfront-eu-central-1.images.arcpublishing.com/thenational/PLW3RQ27SZC4RLBZECQU3LYOKA.jpg)
Писмото е едно од седумте напишани од лидерите на земјата по повод Денот на државноста.
– Она што во тоа време можеби изгледаше како недостижен сон, денес се појави како горда, силна татковина – безбедна и непобедлива – напиша шеикот Мухамед.
– Она што некогаш беше проект за создавање држава, за која некои мислеа дека нема да преживее или да порасне, денес стана држава која се движи кон иднината со поголема истрајност и поголема верба од кога било, потпирајќи се на наследството од пет децении, на достигнувањата кои остави траги длабоко во историјата.
Шеикот Мохамед додаде дека ОАЕ надминале огромни предизвици и отсекогаш верувале дека „ништо не е невозможно“.
– Многумина би прашале: „Кој е нашиот рецепт за успех? Како успеавме таму каде што другите не успеаја? Сакам накратко да ви кажам: на прво место го ставаме јавниот интерес, нема место за себичност, лични агенди или фракционерски интереси. Ако се навратевме 50 години наназад, поточно во четврток, 2 декември 1971 година, ќе наидевме на „Принципи 50“ како одекнати во првиот историски документ што ја дефинираше визијата на ОАЕ, преку клучната изјава дадена од основачите на нацијата. Декларацијата на ОАЕ е основачки документ, а „Принципите 50“ се документ за консолидација.
Владетелот на Дубаи најави дека следните 50 години ќе бидат „попредизвикувачки и поамбициозни“.
– Годините што следат ќе бараат креативно размислување, уникатни пристапи, напорна работа, исклучителни напори и значителен моментум додека барате нови проекти и иницијативи. Да се биде број еден повеќе не е доволно. Ние мора да станеме пример за другите што треба да ги следат. Не е доволно да ги исполниме очекувањата, мора да ги надминеме сите очекувања.
Тој исто така додаде дека сите биле поканети да им се придружат на ОАЕ на ова патување – жени, мажи, млади луѓе, државјани на ОАЕ и странци за кои ОАЕ станаа втор дом.
– Колку се поголеми нашите соништа, толку се поголеми нашите достигнувања.
На луѓето во ОАЕ им посакувам среќен Ден на државноста на ОАЕ. Нека секоја година носи со себе поголеми достигнувања и ни овозможи да постигнеме повеќе. Најдоброто допрва доаѓа – изјави владетелот на Дубаи.
:quality(70):focal(2385x1351:2395x1361)/cloudfront-eu-central-1.images.arcpublishing.com/thenational/NCCMRLLZ2BAOHM6KSBIEOOLFWA.jpg)
:quality(70)/cloudfront-eu-central-1.images.arcpublishing.com/thenational/JONC3LCAQRB77MVDQT7C63EUXQ.jpg)
:quality(70)/cloudfront-eu-central-1.images.arcpublishing.com/thenational/JXUJI3SX6REX5GKVO5HP3R7MHQ.jpg)










