Во прекрасниот турски град Коња, во историската џамија Султан Селим, пронајден е Кур`ан стар 450 години. Кур`анот е напишан рачно, а во една од речениците пишува дека Кур`анот е подарок за џамијата од османлискиот султан Селим Втори.

Муфтијата на општина Карапинар, лоцирана во Коња, Јунус Ајдин рече дека биле многу среќни и возбудени кога го пронашле џузеви од Куранот (оп.а. џуз-триесеттиот дел од Куранот од 20 страници). -Кога го проучувавме ова дело видовме дека таму стои името на султанот Селим и името на општина Карапинар. Во оваа прилика се обративме до проф.др. Мустафи Аскару, од Теолошкиот факултет во Анкара. Кога рече дека тоа е многу вредно дело, решивме да го изложиме во нашата џамија, изјавил муфтијата.

Муфтијата истакнал дека султанот Селим зад себе оставил многу дела во Коња, а Кур`анот што го пронашле бил многу убав, напишан со калиграфија. – Се состои од 30 џузa, но ние имаме 10 џузеvi. На внатрешната корица пишува и „Вакуф Карапинару од султанот Селим Хан“, изјавил муфтијата Јунус.

Тој додаде дека никој не знаел дека делови од Кур`анот се наоѓаат во магацинот на џамијата и дека тоа не е целиот Кур`ан, туку само одредени делови. – Многу убаво е напишано, Кур`анот ќе го изложиме во џамија, истакнал тој. Градоначалникот на општината Огуз, Џем Мурат, исто така изјавил дека се многу среќни што го пронашле вредното дело и дека тоа припаѓа во периодот1500-тите.

Dirilis Postasi/Balkan News