Палестинска драмска група со седиште во заедницата на бегалскиот камп „Џенин“, во северниот дел на Западниот Брег, продолжува да генерира културен отпор против израелската окупација, известува Агенција Анадолија (АА).
Основан во 1989 година, што се совпаѓа со првата „Интифада“, претходно познат како „Камениот театар“, „Театарот на слободата“ ги оживува спомените на неговите основачи, Арна Мер Хамис и нејзиниот син Џулијано Мер Хамис, антиционистички еврејски активисти, кои ги посветиле своите животи за поддршка на палестинските деца во кампот.
„Претставата базирана на ‘Приказната за малата медуза’ напишана од Гасан Канафани, беше првата драма поставена во театарот од страна на групата. Многу деца од кампот глумеа во драмата,“ рече Мустафа Шета, генералниот директор на театарот.
Во 2002 година, Џулијано, кој продолжил да биде покровител на групата по смртта на неговата мајка, открил дека децата како Алаа Сабаг, Ашраф Абу Алиџа, Јусеф Свеатат и многу други, кои глумеле во „Приказната за малата медуза“ се придружиле во битката кај Џенин за да се спротивстават на израелската Армија која влезе во кампот за време на Втората интифада.
„Тој ги следеше приказните на децата, кои станаа борци. Сите се убиени од страна на израелската Армија освен Закарија Зубаиди, кој е во затвор од 2018 година“ рече Шета за АА.
Инспириран од овој пресврт на настаните, Џилијано го режираше филмот „Децата на Аран“ во 2004 година, кој ја раскажува приказната за палестинските деца уметници, кои беа убиени за време на воената инвазија на кампот.
Џулијано беше инспириран од групите во Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Франција, Шведска и Португалија за поддршка и подобрување на театарот.
„Со овие групи, тој сакаше да го изгради националниот културен идентитет, така што беше одлична шанса за волонтерите да ја изразат својата солидарност кон палестинското дело“, додаде Шета.
Тие усвоија многу меѓународни приказни слични на животите во Палестина и ја дискутираа политичката и социјалната ситуација како позната приказна.
„Работата одеше многу добро сè додека Џулијано не беше застрелан во 2011 година во кампот Џенин од страна на маскиран вооружен човек во близина на Театарот на слободата“, рече генералниот директор на театарот.
Убиството сè уште е нерешено и покрај тоа што го истражуваат четири одделни власти: израелската полиција, палестинската полиција, Израелските одбранбени сили (IDF) и Шин Бет.
И покрај тоа, театарот продолжи да работи со актери и го започна подвижниот театар наречен „Автобусот на слободата“, што патува годишно низ Западниот Брег од 21 до 31 март за да раскажува приказни за отпорот на Палестинците преку уметноста.
Anadolu Agency










