Saturday, May 30, 2026
Home Настрана.... Денеска е Ден на албанското знаме

Денеска е Ден на албанското знаме

131
0

Денеска се одбележува Денот на албанското знаме

Денешното албанско знаме било усвоено на 7 април 1992 година, а додека претходните знамиња на социјалистичка Албанија и Кралство Албанија биле сосема слични, со мали детали што биле додавани.

Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози. Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за прв пат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна.


Nova Tv