НАБЛУС (АА) – Десетици Палестинци се повредени откако денес израелската полиција заедно со еврејските доселеници ги нападнаа жителите на село на Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелската полиција употреби солзавец за да ги растера палестинските демонстранти во селото Ал Лабан, јужно од градот Наблус.
Според израелски и палестински проценки, во населбите на Западниот Брег има околу 650.000 доселеници, вклучително и во окупираниот Кудс (Ерусалим), кои живеат во 164 населени места и 116 гранични населби.
„Anadolu Agency“










