Полицијата во Узбекистан (Uzbekistan) принудува десетици мажи муслимани, да ги избричат брадите, се наведува во денешниот извештај на „RFE/RL“.
Во последните недели имаше неколку инциденти во кои полицијата повика мажи во градот Јангиул (Yangiyul), 20 километри јужно од главниот град Ташкент (Tashkent). Еден локален активист анонимно изјавил дека само во последниот месец во градот биле насилно избричени 22 мажи.
„Само религиозните мажи се принудени да ја бричат својата брада“, рече тој.
Жител на Јангијула, за „RFE/RL“ изјави дека „полицијата вели дека ние наводно личиме на терористи“.
„Ние пуштаме брада затоа што се смета дека е во согласност со традициите и практиките на пејгамберот Мухаммед с.а.в.с. (Muhammad s.a.w.s) Тие ги кршат нашите права“, објасни тој.
Групите за човекови права ја критикуваат политиката веќе неколку години.
Во јуни беше објавено дека владата на Узбекистан (Uzbekistan) ги отповикала студентите по исламски студии во Египет (Egypt) и Турција (Turkey), како дел од напорите за контрола и ограничување на одредени толкувања на исламот кои не беа санкционирани од државата.
Во декември минатата година, американскиот Стејт Департмент (State Department) ја отстрани централноазиската држава од нејзината специјална листа за следење на кршењето на верските слободи, бидејќи се сметаше дека владата повеќе не се занимава или толерира „тешки прекршувања на верските слободи“. Узбекистан (Uzbekistan) претходно беше означена како земја од посебна грижа од 2006 до 2017 година, а во 2018 и 2019 година беше префрлена на посебна листа за следење.
Сепак, според неговиот Извештај за меѓународната верска слобода од 2020 година, Узбекистан (Uzbekistan) беше откриено дека продолжува да ги принудува муслиманските мажи да ги бричат брадите и да ги спречуваат жените да носат хиџаб во училиштата и канцелариите.
„RFE/RL“
„Dubai-Portal“










