ИСТАНБУЛ (АА) – Турција има цел да генерира 22 милијарди долари од туризмот во 2021 година со пречек на повеќе од 28 милиони странци, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, јавува Агенција Анадолија (АА).

Потсетувајќи дека приходите од туризмот во 2020 година изнесувале 12,1 милијарда долари, кога земјите имаа строги мерки на ограничување поради Ковид-19, како забрана за патување и карантин, Ерсој рече дека приходот на Турција од туризмот достигнал 16,8 милијарди долари во првите девет месеци на 2021 година.

Говорејќи на Економскиот самит „Улудаг“, голем економски настан, кој започна вчера, тој нагласи дека промотивните напори на Турција имаа важна улога во закрепнувањето.

Дводневниот Самит се организира од 2012 година во ски-центар во северозападната турска област Бурса, додека последните два самита се одржаа виртуелно, поради мерките за време на пандемијата.

„Туристичкиот сектор е еден од најпогодените полиња од пандемијата и Турција мораше да ги одложи своите туристички цели“, изјави Ерсој.

Anadolu Agency