Светската полициска агенција Интерпол утре во Истанбул треба да избере нов претседател, а групите за заштита на човековите права предупредуваат дека на функцијата би можел да се најде генерал обвинет за „тортура”.
Генералот Ахмед Насер ел Раиси, генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се кандидираше да биде избран за претседател на Интерпол со четиригодишен мандат.
Тој од минатата година води кампања за претседател, а пред него има само еден кандидат, Шарка Хавранкова од Чешка.
„Sloboden pecat“









