Одгледувањето камили во Оман е меѓу древните професии кои не го изгубиле своето значење во културното наследство на земјата од минатото до денес.

Нашироко се практикува во различни села и провинции во Оман, особено во Зуфар.

Камили кои талкаат по патиштата и пасат по ридовите во планините се вообичаени глетки во областа Зуфар на југот на земјата.

Овде дури и возилата им отстапуваат предност на камилите за да ја преминат улицата.

Оманските камили по боја се разликуваат според регионите. Во областа Зуфар обично се близу црни, а може да бидат црвени, жолти и бели во северните делови на земјата.

Жителите на Оман почнале да покажуваат поголем интерес за одгледување камили особено поради високите приходи од оваа професија и организирањето трки со камили.

Во Оман, каде што има многу видови раси на камили, најпозната е камилата наречена Ел Асаил, која има одредени карактеристики кои ги почитуваат племињата.

– Културно наследство и егзистенција –

Одгледувачот на камили, Сухејл Ахмед Саид Катан, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека камилите се богатство за народот Зуфар.

„Камилите се богатство за жителите на Зуфар. Камилите на грб ја носеа целата земја пред процесот на урбаната експанзија и модернизација. Тие се културно наследство кое постои уште од античко време“, рече Сухејл Ахмед.

Посочувајќи дека камилите имаат важна улога и угледно место во историјата и цивилизацијата на земјата, Катан рече дека камилите, освен што се главно превозно средство во пустината, на ридот или на планината, тие се, исто така, важен извор на снабдување со месо и млеко.

Катан, истакнувајќи дека млекото од камила го користат како храна за себе, рече дека го продаваат во случај на потреба.

Тој додаде дека одгледувањето камили помага да се олесни товарот на Владата и придонесува во борбата против невработеноста.

„Камилите се дел од нашите животи, ние живееме со нив“, рече Катан, нагласувајќи дека Оманците, кои поседуваат камили, имаат репутација.

Катан, исто така, рече дека некои од камилите што ги одгледал, освоиле многу награди на регионални и локални натпревари.

– Сезона „хатил“ (hatıl) кога доаѓа пролетта –

Катан, истакнувајќи дека сезоната кога камилите слободно шетаат по плодните пасишта и ридови и се добро нахранети се нарекува „хатил“, рече дека во овој период се намалиле и трошоците на одгледувачите на животни.

Оманскиот одгледувач на камили, наведувајќи дека оваа сезона го напуштиле обичното секојдневие, рече дека се преселиле во мирен живот во природата.

Наведувајќи дека оваа сезона, која се совпаѓа со пролетта, се гледа како начин за извлекување од стресот на животот, Катан истакна дека некои вработени одат на одмор за да уживаат во овие најубави моменти кои ги комбинираат дивиот свет и природата.

– Државна поддршка за заштита на културното наследство –

Со цел да се заштити културното наследство на Оман, во кое камилите играат важна улога, државата во 1989 година основаше Генерален директорат за камили.

Генералниот директорат за камили покрај национални прослави и разни настани, организира и други активности, како што се трки со камили и традиционалната „Трка Арда“.

Според статистичките податоци на Министерството за земјоделство и рибарство на Оман, во 2019 година во државата имало приближно 279.000 камили, од кои на трките учествувале 9.000.


„Anadolu Agency“