Лидерите на трите партии кои треба да ја формираат новата германска влада потпишаа коалициски договор, кој ќе го презентираат во текот на денот.

Социјалдемократската партија (СПД), предводена од Олаф Шолц, извојува убедлива победа на изборите во септември и сега ќе формира трипартитна влада со Зелените на Аналена Бербок и либералите (ФДП) на Кристијан Линдер.

Договорот потоа ќе биде ставен на разгледување на пред поголем број на партии, при што Зелените планираат да ги консултираат сите свои членови, додека СПД веќе закажа вонредна партиска конференција за 4 декември, на која ќе одлучи дали ќе го прифати коалицискиот договор. ФДП планира да го стори истото на својата партиска конференција на 5 декември.

Доколку сите партии одобрат, Шолц ќе биде избран за канцелар во неделата а функцијата ќе ја преземе на 6 декември, придржувајќи се до планираната временска рамка на партиите.
„Sloboden pecat“







