Бесплатни ПЦР или антигенски тестови се можното соломонско решение за дел од синдикатите за сроведување на најавената мерка – јавната администрација и здравствените работници да не можат да влезат на своето работно место ако не се целосно вакцинирани или ако не приложат негативен ПЦР тест, а приотоа да не се загрози правото на работниците од работниот однос.
Од Синдикатот на управата и правосудните органи УПОЗ за Телма велат дека предлог-мерката е премногу општа и недопрецизирана.
Дополнително за УПОЗ е неприфатливо и вработените од админситрацијата чија просечна плата е, како што велат, 20.000 денари сами да ги плаќаат ПЦР тестовите за да можат да одат на работа. Тие вин-вин решение меѓу најавените мерки и правата на работниците гледаат во тоа државата да обезбеди бесплатни ПЦР или брзи тестови за амдинистративците кои не се вакцинирани.
Од УПОЗ информираат дека доколку не се успее да се допрецизира спроведувањето на предложената мерка, тие би побарале одложување на мерката.
Во бесплатни ПЦР тестови начин за спроведување на најавената мерка гледаат и од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар. Тие иако се децидни во ставот дека целиот медицински персонал треба да се вакцинира против Ковид-19, во најавената мерка гледаат многу нејансотии и делими.
Според Беговиќ не може нешто да биде слободен избор ако во текот на мецесот тоа претставува обврзувачки финансиски товар за вработениот. Освен тоа за Синдикатот на клиничкиот центар спорна е и границата од само 45-те дена природен имунитет на прележаните од коронавирус што ги ослободуваат вработените од обврската за вакцинација или ПЦР тест.
Според Беговиќ Комисијата за заразни болести треба да се произнесе и за тоа дали луѓето со високо ниво т.е. титар на антиела по прележан коронавирус треба да се вакцинираат.
Инаку и од двата синдикати кои денеска ги контактираше Телма, по вчерашната најава на министерот за здравство Венко Филипче дека утре со сидникатите ќе разговара за начините за спроведување на најавената мерка за јавната администрација, велат дека до нив се уште не стигнала покана за состанок во Министерството, но ако ја добијат ќе ја прифатат.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=JDsOcIrqP8k[/embedyt]
„Telma“









