Лидерот на Хамас, Ханије: „Турција ја има клучната улога на политичко ниво во врска со палестинското прашање“

by Administrator

Политичкото раководство на палестинското движење на отпорот Хамас порача дека Република Турција има клучна улога во врска со палестинското прашање на политичко ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, рече дека ја почитува турската позиција во врска со палестинското прашање и дека Хамас го цени и поздравува начинот на кој претседателот Реџеп Таип Ердоган покажал дека Турција се занимава со палестинското прашање.

Споредбено со тоа, Ханије го коментираше и случајот на палестинскиот затвореник во Саудиска Арабија и кажа дека е шокантно и изненадувачки бидејќи Кралството е препознаено како земја што ја поддржува и прифаќа палестинската борба.

Тој ја повика саудиската Влада да ги ослободи палестинските затвореници.

Во разговорот со палестинските медиуми Ханије истакна дека Појасот Газа е под израелска блокада веќе 15 години и дека Хамас веќе не може да молчи и дека ќе го поддржи секој чекор да се прекине блокадата.


Anadolu Agency

You may also like