Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека последните два патници на Светското првенство во Катар ќе бидат познати по баражите кои ќе се одржат во јуни идната година и на кое ќе учествуваат репрезентациите членки на АФЦ (Азија), Конкакаф (Северна и Средна Америка), Конмебол (Јужна Америка) и ОФЦ (Океанија).

Репрезентациите од Азија, Јужна Америка, Северна и Средна Америка и Океаниа наместо досегашните два натпревари, ќе играат само еден и тоа на неутрален терен.

Термините на одигрување на бараж натпреварите се 13. и 14. јуни 2022 година кога ќе бидат познати последните две репрезентации кои ќе настапат на Мундијалот во Катар.
Ова е прв пат по СП во Мексико 1986 година, ФИФА да ги смени правилата за бараж натпреварите.

Преку европските бараж натпревари, три репрезентации ќе обезбедат пласман на СП во Катар, а меѓу 12 селекции кои ќе се борат за настап на Мундијалот е и Македонија.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Sloboden pecat