БАКУ (АА) – Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во вчерашните судири на границата со Ерменија животот го изгубиле 7 војници на Азербејџанската армија, а 10 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Министерството се наведува дека меѓу загинатите во судирите што избувнаа како резултат на провокациите на ерменската војска на границата е и еден поручник.

Се наведува дека провокацијата на Ерменија завршила неуспешно и од вчера вечерта состојбата на границата е нормализирана.

Изразувајќи сочувство до семејствата и роднините на војниците, во соопштението се наведува дека целата одговорност за настаните е на раководството на Ереван.

Ерменската армија вчера започна операција во правец на Лачин и Келбеџер со цел да добие поповолни позиции со заземање на одредени високи точки на границата.

Азербејџанската армија исто така започна операција во истата насока и ги спречи нападите на Ерменија.

Со интервенција на Русија, судирите престанаа и беше прогласен прекин на огнот.

Anadolu Agency