Денеска изутрина се случи експлозија во еден нафтовод во јужен Иран, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската новинска агенција „Тасним“ соопшти дека експлозијата се случила поради старата инфраструктура.
Агенцијата забележа дека експлозијата ја почувствувало локалното население во регионот околу нафтоводот.
Сѐ уште нема информации за евентуални жртви.
Anadolu Agency









