Нуркачот Јуџел Акпинар, кој веќе 27 години лови морски полжави во Истанбулскиот Теснец, поради заладувањето на морската вода го врши последниот лов сезонава, пишува Агенција Анадолија (АА).
Акпинар оваа професија ја започнал на 16-годишна возраст, работејќи со други нуркачи. Оттогаш Акпинар својата егзистенција ја остварува со вадење полжави од морето.
Тој, заедно со неговиот помошник, кога временските услови тоа го дозволуваат, секое утро запловува со бротчето. Тој го има обиколено секој дел од Босфорскиот Теснец, од Пашабахче до Тарабја, од Сариер до Анадолу Каваги.
Акпинар со новинарот на АА зборуваше за животот на ловците на морски полжави.

Качувајќи се на бротчето, запловуваат заедно со својот асистент. Откако прво ќе ја одреди рутата, Акпинар го закотвува бродот на брегот.
Акпинар, кој го пребарува дното на морето, по закотвувањето го облекува својот костим за нуркање.
Тој користи црево за да може да зема воздух под морето, додека по обезбедувањето со потребната опрема на себе, нурнува во морските води.
Исполнувајќи ја мрежата во својата рака со морски полжави, Акпинар по некое време излегува од водата и ја испразнува мрежата со полжави во еден агол од бротчето.
Држејќи се до поставената рута, бротчето го поместува на друга локација и се приближува до друг брег. Истото нуркање Акпинар го изведува и на тој брег.
Бидејќи морските полжави ќе се закопаат во песок во текот на следните четири месеци, деновиве се спроведува последниот лов оваа година.
– Полжавите кои ќе се закопаат во песокот, повторно ќе почнат да се ловат во април
Раскажувајќи дека полжавите се будат во април и излегуваат на површината на песокот на дното од морето, Акпинар изјави дека додека не започне новата сезона, ловат други видови. Акпинар рече дека полжавите што ги вади од морето, им ги продава на фабриките за цени кои се движат од 4 до 9 лири (од 0,34 до 0,76 евра) за килограм.
Информирајќи дека стотици бротчиња кои се занимаваат со оваа работа на Босфорот, со крајот на сезоната заминале во Егејското Море, Акпинар истакна дека во моментов на Босфорот останале само 3-4 бротчиња.

– „Черупката се користи како украс во домовите“
Зборувајќи за морските полжави, Акпинар рече: „Морскиот полжав меѓу народот повеќе е познат како „морска школка“. Го користат како домашен украс или како пепелник. Всушност, во внатрешноста на „школката“ има месо. Полжавите што ќе ги собереме од дното на морето, ги носиме во фабрики. Фабриките ги преработуваат и ги извезуваат во странство.“
Наведувајќи дека месото од морските полжави главно се консумира во странство, Акпинар изјави дека благодарение на оваа професија, околу 500 бротчиња носат леб во своите домови.
Истакнувајќи дека морскиот полжав е инвазивен вид, Акпинар продолжи со зборовите: „Морскиот полжав е ловец на школки, ги уништува школките. И државата го поддржува ловот на полжави. Количеството на нашиот улов при нуркање се менува во зависност од сезоната, односно од топлината на водата. На пример, има периоди кога при едно нуркање успеваме на површината да извадиме 50 килограми морски полжави во просек, а има периоди кога сме уловиле 300-400 килограми полжави. Во периодот од јули до септември при едно нуркање на површината извлекуваме 200 килограми полжави. Помалку успеваме да уловиме кога времето заладува.“
Anadolu Agency










