Во експлозија во Кота Санги во Кабул, Авганистан, ранети се две лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Службеникот за безбедност на Кабул, во разговор со АА кажа дека мината што била поставена покрај патот била активирана кога по патот поминувале цивили.

Ранети се две лица, а цел на нападот не биле талибанските сили.

Сѐ уште никој не презел одговорност за нападот.

Anadolu Agency