ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, заедно со лидерите на земјите членки на Советот за соработка на туркофонските земји (Туркискиот совет), официјално ја отвори зградата на Генералниот секретаријат на Туркискиот совет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган, во рамките на 8. Самит на Туркискиот совет што ќе се одржи на Островот на демократијата и слободите, во зградата на Генералниот секретаријат на Туркискиот совет во Султанахмет, Истанбул, се сретна со шефовите на државите членки на Советот.

По извесно време откако разговараа во зградата, Ердоган и гостите шефови на држави излегоа на свеченото отворање.
На церемонијата, по поставувањето на знамињата на земјите членки на Советот, беше пресечена лентата. Претседателот Ердоган, во спомен на денот, од гостите побара да ги сокријат ножиците со кои ја сечеа лентата.

На церемонијата присуствуваа претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, претседателот на Казахстан, Касим Џомерт Токајев, претседателот на Киргистан, Садир Џапаров, претседателот на Узбекистан, Шевкет Мирзијојев, премиерот на Унгарија, земјата набљудувач, Виктор Орбан, претседателот на Туркменистан, Гурбанѓулу Бердимухамедов и генералниот секретар на Туркискиот совет, Багдад Амрејев.
Претседателот Ердоган и неговите гости потоа заминаа на Островот на демократијата и слободите каде што ќе се одржи 8. Самит на Туркискиот совет.
Anadolu Ageny










