БАКУ (АА) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Ерменија треба да ја прифати раката на мирот подадена од Турција и Азербејџан и да не ја пропушти оваа можност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар на новинарите на прес-конференцијата во Баку им рече дека очекува разговорите меѓу Азербејџан, Ерменија, Турција, Грузија, Русија и Иран да помогнат да се обезбеди стабилна средина во регионот.
Тој рече дека Турција е задоволна што гледа дека примирјето се одржува, дека прекршувањата се значително намалени и се преземени важни чекори кон стабилноста.
„Постојат конфликти и проблеми во многу делови од светот, но местата каде што луѓето се собраа за разговори и пронаоѓање политички решенија сега се многу побезбедни и попросперитетни“, рече Акар.
„Доколку Ерменија го разбере ова, го даде неопходниот придонес и одговори позитивно, може да се постигне сериозен напредок и во однос на безбедноста и на благосостојбата.
За коридорот Зангезур, Акар рече дека иницијативата никому не му штети и дека треба да се поддржи. Зангезур е клучен транспортен коридор што го поврзува Азербејџан со неговата ексклава Нахчиван.
Зангезур беше дел од Азербејџан, но во 1920-тите години Советите го дадоа регионот на Ерменија, прекинувајќи ја копнената врска на Азербејџан со Нахчиван.
Акар рече дека Декларацијата од Шуша потпишана меѓу Турција и Азербејџан овој јуни е доказ за визијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговиот колега Илхам Алиев.
„Откако Азербејџан ја ослободи својата територија од ерменските сили, започна нова борба, економска борба“, рече турскиот министер за одбрана.
„Ова е борба да се осигури дека луѓето можат да се вратат на своите огништа и да живеат во мир и безбедност“, рече тој.
„Турските вооружени сили работат дење и ноќе со нашите браќа од Азербејџан за да ги елиминираат сите видови закани и опасности [од ослободените области], особено експлозивите и мините кои ги загрозуваат животите на невините луѓе.“
Anadolu Agency









