Нема симпатии од ниту една страна, велат од спорната граница. Варшава синоќа ги обвини белоруските војници дека туркаат мигранти преку граница, како и дека во одреден момент сами минале на територијата на Полска. Иако армијата моментално се повлекува од пограничната област, Полска ја зголеми борбената готовност и порача дека во секој момент ќе биде подготвена за акција. Спротивно на тоа, Минск ги отфрли обвинувањата и ја обвини Полска за создавање на конфликт.