Во Етиопија започнаа разговори со посредство за ставање крај на тековниот конфликт меѓу армиските единици и бунтовниците, припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на ТПЛФ, Гетачу Реда, на својот профил на Твитер соопшти дека со Олусегун Обасанџо, амбасадор на Африканската унија (АФБ) во Рогот на Африка, одржал разговори.

„Се одржа многу продуктивен состанок со Обасанџо, амбасадорот на Рогот на Африка и дадени му се информации за тоа каде се наоѓа Тиграј во етиопската криза. Тоа беше добра средба“, рече Реда.

Од друга страна, Мартин Грифитс, помошник – генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, исто така започна разговори со страните во Етиопија.

Грифитс, по средбата со претставници на ТПЛФ во градот Мекеле во Тиграј, замина во главниот град Адис Абеба.

– Прогласена вонредна состојба –

Етиопската Влада прогласи вонредна состојба во земјата на 2 ноември поради нападите на бунтовниците на ТПЛФ кои продолжија со нивното напредување на север.

Формирани се одбранбени единици против можни напади на ТПЛФ врз главниот град Адис Абеба.

Во 11-месечниот конфликт на северот на земјата раселени се околу 2,5 милиони луѓе, а повеќе од 5 милиони луѓе во регионот имаат потреба од итна помош.

Anadolu Agency